Попладнево во Автокоманда ќе го добиеме новиот владетел на ракометниот Куп. Вардар по пауза од две години ќе има можност да го врати трофејот во своите витрини, а пак битолчани ќе сакаат титулата да замине на пат за Битола.
Во многу нешта денешниот натпревар ќе зависи од две ракометни фигури. Тоа се Кристијан Дисингер од едната страна и Стипе Мандалиниќ од другата страна. Левите бекови одиграаа одличен натпревар во полуфиналните натпревари и наговестија дека се спремни за уште една добра шутерска партија.
Ние, секако се надеваме и очекуваме дека Дисингер ќе ја добие оваа битка на левите бекови и со самото тоа ќе допринесе за успех на својот тим Вардар.
Мечот за трофејот во финалето на Купот на Македонија ќе се одигра од 17:30 часот.