Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Натпреварот кој ќе го реши ракометниот Шампион на Р.Македонија ќе се одигра на 6.мај
Натпреварот кој ќе го реши ракометниот Шампион на Р.Македонија ќе се одигра на 6.мај

Натпреварот кој ќе го реши ракометниот Шампион на Р.Македонија ќе се одигра на 6.мај

Натпреварот кој ќе го реши новиот ракометен Шампион на Македонија ќе се одигра во сабота (06.05) во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 19:00 часот.

Вардар и Еурофарм Пелистер имаат еднаков број на освоени бодови, па овој натпревар и дефинитивно ќе го одлучи новиот Шампион. Црвено-црните убедливо го добија првиот натпревар во Скопје, но поради поразот против екипата на Алкалоид, си ја отежнија работата за одбрана на титулата.

На Вардар ќе му биде доволно и реми за да ја одбрани круната, во случај на пораз, екипата на Еурофарм Пелистер ќе биде блиску до првото место.