Првиот од двата натпревари кои ќе го дадат новиот шампион во супер лигата, помеѓу екипите на РК Вардар и Металург ќе се одигра во петок. Црвено-црните ќе бидат домаќини во С.Ц. Јане Сандански, а дуелот ќе започне од 16:00 часот. Нема многу одмор за вардарци, кои после елиминацијата на Кил и пласманот на завршниот турнир се враќаат на обврските во домашното првенство. Веќе во овој момент го играат натпреварот во Битола, против екипата на Пелистер, додека во среда е закажан мечот против тимот на Пролет 62.