Како по некое непишано правило по секој одигран меч во Европската лига на ракометни шампиони РК Вардар има свој преставник во изборите на најдобрите во истата . И по одигрувањето на првите дуели од 1/8 финалето Вардар има дури три ракометари кој добија признание во различни категории .
Душебаев со својата одлична партија и постигнатите 10 гола од кој последниот со звукот на сирената и со големо значење бидејќи со него Црвено-Црните замина со колку-толку прифатливи минус од шест погодоци од гостувањето во Плоцк кај тимот на Висла . Алекс е избран во најдобрата постава на позицијата десен бек на првите дуели од осминфиналната фаза во ЛШ заедно со :
- Голман- Гонзало Перез де Варгас од Барселона
- Пикер -Ренато Сулиќ од Веспрем
- Десно крило- Никлас Екберг од Кил
- Лево крило- Иван Никчевиќ од Висла Плоцк
- Среден бек- Микел Хансен од ПСЖ
- Лев бек- Момир Илиќ од Веспрем
Тимур Дибиров со својот прекрасен гол од бековска позиција која не е типична за него се најде во изборот на 5 најдобри голови во оваа рунда на натпреварувањето во Лигата на Шампионите. Голот на Рускиот ракометар е прогласен за втор најубав постигнат гол во 1/8финалето видео:
Арпад Штербик исто така е избран во изборот на најдобри одбрани неговата двојна интервенција се наоѓа на второто место на изборот за најдобри интервенции на голманите во оваа фаза на Лигата на Шампионите . Штербик имаше добар почеток на мечот , но во вториот дел беше заменет од Џамбо кој му го препушти повторно голманското местото во завршните мигови од мечот кога Штербик со две одбрани помогна во ублажување на поразот .
ВИДЕО http://www.laola1.tv/en-int/video/top-5-saves-last-16-leg-1/309130.html