Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров доби Македонско државјанство
Тимур Дибиров доби Македонско државјанство

Тимур Дибиров доби Македонско државјанство

Во иднина руското крило на Вардар, Тимур Дибиров ќе настапува со Македонско државјаноство и ќе настапува во црвено-црниот дрес како играч од Македонија. Ракометната федерација на Македонија започна да го ограничува бројот на странски ракометари на десет за настапите во домашното првенство на Македонија и купот на Македонија, па така во иднина Дибиров ќе настапува како Македонец. Мечот против Еурофарм Работник беше прв официјален дуел за него, како ракометар со Македонски пасош. Дибиров беше најефикасен играч на Вардар во лигата на шампионите во првите три сезони, додека минатата сезона ја заврши на второто место на листата на најдобри стрелци после Алекс Душебаев.

-Не е тајна дека имам македонски пасош. Тоа беше познато од поодамна уште кога се правеа листите на играчи. Јас сум посебно горд што сум граѓанин на Македонија и секогаш така ќе се чувствувам. Македонија и Скопје се мојот втор дом. Отсекогаш посакував да бидат македонски граѓанин, и сега тоа ми се исполни, рече Дибиров.