Со одигрувањето на вчерашните две средби веќе е комплетирано 3-то коло во СЕХА регионалната лига, следи една недела пауза до следните дуели од четвртиот круг. Вчера до победа в гости дојде хрватски ППД Загреб на гостувањето кај српска Војводина со резултат 29:21, а пак Горење триумираше над Динамо Панчево од 34:24.
После крајот на последните два меча од 3-то коло само една екипа e со максимален учиноки има девет бода бодови, станува збор за нашиот РК Вардар. Нашите момци дојдоа до сите победи на трите досегашни средби, па како лидери ќе влезат следниот дуел против Татран Прешов на 19-ти септември. Вардарци имаат убедливо најдобар напад со 95 постигнати гола по три кола или во просек речиси 32 постигнати погодоци по меч, а имаме и најдобра гол позитива од 30+ во лигата.
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
Вардар – Брест 31:23 (17:14)
Татран Прешов – Цеље ПЛ 25:26 (13:12)
Металург – Нексе 29:22 (15:10)
Војводина – ППД Загреб 21:29 (7:13)
Горење Велење – Динамо Панчево 34:24 (18:11)