Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Доколку ја освоиме лигата на шампиони, Македонија ќе биде најсреќната земја на планетата
Дибиров:  Доколку ја освоиме лигата на шампиони, Македонија ќе биде најсреќната земја на планетата

Дибиров: Доколку ја освоиме лигата на шампиони, Македонија ќе биде најсреќната земја на планетата

Преостануваат уште неколку денови до одигрување на завршниот турнир во Келн, каде ќе играат четирите најдобри екипи за оваа сезона. Вардар испиша историја со пласманот на Ф4, како прв Македонски клуб кој успеал да направи ваков подвиг. Во сабота не очекува полуфиналниот дуел против екипата на Барселона, против која сеуште немаме победа на меѓусебните натпревари во најголемото ракометно натпреварување. Се надеваме дека првиот триумф ќе биде токму во сабота, а истиот ќе ни донесе и финале и борба за европската титула. Во изјава за официјалниот сајт на ЕХФ, Дибиров напомена дека Македонија ќе биде најсреќната земја, доколку Вардар ја освои ЛШ.

-Ја почитуваме Барселона како екипа, но, кога судијата ќе означи почеток на натпреварот, тогаш сме еднакви. Доколку ја освоиме лигата на шампиони, Македонија ќе биде најсреќната земја на планетата. Во градот верувам дека ќе не пречекаат стотици, ако не и веројатно илјадници луѓе на улиците и верувам дека ќе тој ден ќе биде одбележан со златни букви во историјата на државата, рече Дибиров.