Вечерва генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2006“ година заминува за Бугарија, каде од четврток до недела ќе биде дел од силен меѓународен турнир “Приморско лето“. На него се очекува да се натпреваруваат најсилните екипи од Бугарија, како и други тимови од Грција и Турција. Сеуште немаме подетални информации за бројот на учесници и за противниците на нашите млади надежи. Штом дојдеме до нови информацци, дополнително ќе ве известиме.
Тренерот Филип Арсовски за овој турнир се одлучи за следниве играчи: Андреј Данстак, Мартин Ивановски, Никита Патаровски, Кристијан Глаевски, Дамјан Крстевски, Дарко Сековски, Марко Николовски, Давид Голубов, Стефан Коловски, Михаил Николов, Димитар Порчу, Олег Трифуновски, Александар Миовски, Михаил Танчев, Олег Михајловски.