Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров на следниот меч против Барса, има шанса да запише “јубилеј“ во дресот на Вардар
Тимур Дибиров на следниот меч против Барса, има шанса да запише “јубилеј“ во дресот на Вардар

Тимур Дибиров на следниот меч против Барса, има шанса да запише “јубилеј“ во дресот на Вардар

Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров ја игра својата шестта сезона во црвено-црниот дрес, откако пристигна од екипата на Чеховски Медведи. Дибиров е од почетокот на проектот, откако клубот го превзема Сергеј Самсоненко.

Дибиров сигурно ќе испише историја во Вардар, како моментално најдобар стрелец на црвено-црните во Лигата на Шампионите. Следниот дуел во најголемото натпреварување, кој на програмата е во недела против екипата на Барселона може да биде јубилејен за Дибиров, кој треба да го прослави својот 400-ти гол во дресот на Вардар.

43232182_10157438080450348_5891339668498153472_n-660x330

Досега руското лево крило има постигнато 399 голови во црвено-црниот дрес, во овие шест сезони како е дел од клубот. Само уште еден гол му недостасува да стигне до бројката 400, која сме сигурни дека ќе ја надмине на дуелот со Барса, а само да го послужи и здравјето, Дибиров може да направи и нов јубилеј во следната сезона, со оглед дека има договор со Вардар до 2020 година.

vardarfans-dibirov