Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2007„ единствена со максимален број на освоени бодови во детската лига, преглед на другите генерации
Вардаровата генер. “2007„ единствена со максимален број на освоени бодови во детската лига, преглед на другите генерации

Вардаровата генер. “2007„ единствена со максимален број на освоени бодови во детската лига, преглед на другите генерации

Изминатиов викенд се одигра ново коло во детската фудбалска лига. Вардаровите генерации одиграа вкупно десет натпревари, на кои забележаа осум победи и два порази.

Победничко коло имаше генерацијата на Вардар родени “2006„ година кои славеа во дуелите со Њу Старс. Вардар (1) беше убедлив против Њу Старс (1) и славеше со резултат 9:0, додека Вардар (2) го доби дуелот со екипата на Њу Старс (2) со резултат 4:3. За Вардар (1) ова беше вкупно петта победа оваа сезона во детската лига, а има и еден пораз, додека Вардар (2) го запиша четвртиот триумф, а има уште еден пораз и нерешен резултат.

Генерацијата на ФК Вардар “2007„ може да се пофали и дела после ова коло има максимален број на освоени бодови во детската лига. Вардар (1) со триумфот над Њу Старс (1) стигна до шесттата последователна победа (12:0), додека исто толку победи има и Вардар (2) кој славеше во дуелот со екипата на Њу Старс (2) со резултат 3:1.

Половичен успех имаше генерацијата родени “2008“ година, кои за противници ги имаа екипите на Албарса и Спорт Ефе. Вардар (1) го задржа стопроцентниот ефект во лигата стигнувајќи до шесттата победа откако ја победи Албарса со резултат 10:1, додека Вардар (2) го загуби мечот со Спорт Ефе (3:4). Тоа беше за нив втор пораз сезонава, во која имаат уште и три победи и еден нерешен резултат.

По една победа и пораз во ова коло и за генерацијата “2009„ на Вардар. Екипата на Вардар (1) го победи тимот на Биџо (9:2) и ја оствари својата петта победа, а имаат и еден нерешен резултат, додека Вардар (2) беше поразен од Драчево (3:5). После шест одиграни кола, Вардар (2) има ефект од две победи и четири порази.

Успешно коло имаше и најмладата генерација “2010„ кои забележаа две победи. Вардар (1) го победи тимот на Биџо (1) со резултат од 3:2, додека Вардар (2) беше подобар од Биџо (2) со резултат 3:1. После пет одиграни натпревари, Вардар (1) има исто толку победи, додека Вардар (2) има четири победи и само еден пораз и тоа уште во првото коло.