Утре, среда, 7 ноември во рамки на 11.коло во женската Супер лига, девојките на ЖРК Вардар ќе бидат домаќини на тимот од Свети Николе, екипата на Овче Поле. Натпреварот е закажан со почеток во 16:30 часот и ќе се одигра во мала сала при СЦ „Јане Сандански“-Скопје, влезот е слободен.
Тимот предводен од Симовски, Ристова и Царчев ќе биде домаќин на екипата која е “фенерџија“, тимот на Овче Поле има десет порази во исто токлу одиграни натпревари оваа сезона во суперлигашката конкуренција. Ние сме на треттата позиција со 22.бода, сино-белите од Автокоманда имаат два бода повеќе и се втори, Куманово е лидер со 25 бода на табелата. На првиот дуел в гости лесно триумфиравме со високи 6:42, во еден меч во кој доминиравме во целост. На таа средба најдобар стрелец беше крилото Бојана Диневска која постигна 9 голови, апак Кети Ангеловска и Мирјана Петковска к постигнаа по 7 погодоци. На голот одлични беше Симона Грујовска која запиша 10 одбрани, потпомогната од Андреа Илиќ која дуелот го заврши со 7 успешни интервенции.
Утре сме целосни фаворити, се очекува лесна и убедлива победа за црвено-црните дами. По поразот од Куманово во гости на оваа средба се треба да се вратиме во колосек и да продолжиме со победите и “јуришот“ на врвот.