Тимур Дибиров е новиот „инстаграм крал“ на СЕХА-лигата. Ова признание го превзема од Игор Карачиќ, откако хрватскиот репрезентативец беше прогласен за крал на лигата во минатата сезона.
Тимур Дибиров доби најмногу гласови од следбениците на оваа социјална мрежа и тој признанието ќе го добие на завршниот турнир кој оваа сезона ќе се одигра во Задар.