Европскиот шампион после десет одиграни кола, се наоѓа на 6.место во најсилната група Б од Лигата на Шампионите.
Само еден играч кај црвено-црните може да се пофали дека успевал да се запише во листата на стрелци на сите десет натпревари. Тоа е Тимур Дибиров, најдобриот стрелец на екипата и играчот со најголема минутажа. Руското крило успеваше да ги погоди противничките мрежи на сите дуели оваа полусезона, а најмногу погодоци имаше на гостувањата кај екипите на Мотор Запорожје и Киелце.
Скубе, Калараш и Чупиќ се играчите кои само на еден дуел не успевале да постигнат погодок. Чупиќ и Калараш останаа без погодок на гостувањето кај Брест Мешков, додека Скубе не реализираше во високиот пораз на домашен терен од екипата на Кил.