Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лидерот ги „пали моторите” на 9-ти
Лидерот ги „пали моторите” на 9-ти

Лидерот ги „пали моторите” на 9-ти

Лидерот на првенствената табела и најтрофеен фудбалски клуб во нашава земја, Вардар, официјален старт на зимските подготовки ќе означи на 9-ти јануари, по големиот христијански празник Божиќ.

Александар Васоски на првата прозивка во тренинг центарот во Хиподром треба да ги има на располаѓање сите играчи освен Жуниор, кој и оваа година ќе се приклучи малку подоцна од останатите колеги.

Вардар во Скопје ќе тренира шест дена за потоа да замине на главните подготовки во Анталија, каде ќе одигра и неколку силни тест натпревари со Хајдук, Црвена Звезда и Динамо Киев.

На домашна сцена, Вардар стартува на 16 февруари, со домашен дуел против тимот на Македонија Ѓорче Петров.