Групната фаза во елитното натпреварување заврши, а нашиот играч Тимур Дибиров се наоѓа на втората позиција стрелец во Лигата на Шампионите. Пред Дибиров е само капитенот на Македонската репрезентација Кире Лазаров со 76 погодоци.
Дибиров по десет одиграни кола има запишано 69 голови. Зад нашиот Дибиров во топ – 3 е Момир Илиќ, играчот на Веспрем, кој има 67 постигнати погодоци.
Дибиров се очекува да ја надмине минатo годишната бројка од 72 погодоци.