Вардар повторно победува , оваа недела во ЛШ падна второпласираната екипа во Бундес Лигата Рајн-Некар Левен . Минатата недела Тимур Дибиров беше избран во најдобрата седморка на колото и имаше еден од најубавите топ 5 гола. Оваа недела во истите две категори е избран Хрватскиот интернационалец во редовите на Црвено-Црните Игор Карачиќ .
Во доминантната игра и фуриозната победа над Рајн-Некар Левен Вардарецот Игор впиша 8 погодоци највеќе во таборот на Црвено-Црните момчиња . Оваа прекрасна партија на Карачиќ не остана незабележана и затоа се најде во иделниот состав на последното 10то коло од групната фаза на ЛШ. Во изборот на идеалните седум се најде заедно со уште : Иван Нинчевиќ лево крило на Висла , левиот бек Вилијам Акамбре од ПСЖ, Патрик Лике Ајлерт од Ла Риоха на позицијата десен бек , Гашпер Маргуч од Веспрем најдобро десно крило, Пикерот Роберт Гунарсон од ПСЖ и Агинагалде – Ла Риоха избран за голман на колото.
Покрај ова еден од неговите осум гола беше избран во изборот на топ 5 голови на 10-то коло на Лигата на Ракометните Шампиони . Поточно се најде на позицијата број три .
Видеото со Топ 5 најубави погодоци погледнете го овде >>>