Тимур Дибиров по блескавиот настап против Монпелје и огромниот учинок во Вардаровата победата се најде во идеалнииот тим на 9то коло од Европската ракометна Лига на Шампиони . Покрај ова еден негов гол е избран и во топ 5 погодоци односно на местото број 3 .
Рускиот интернационалец блескаше со 12 погодока во мрежата на Францускиот лидер на првенството . На паркетот во С.Ц Јане Сандански го имаше насекаде беше вистинска главоболка за противниците . Овој учинок не остана незабележан и затоа беше избран за најдобро лево крило на ова претпоследно коло од групната фаза на Лигата на Шампионите.
Покрај Тимур во иделната седморка се :
- Голман : Родриго Коралес – Висла Плок
- Пикер : Хулен Агинагалде – Кјелце
- Десно Крило : Дмитри Ковалев -Чеховски Медведи
- Десен Бек : Јохан Јакобсон – Фленсбург
- Среден Бек : Микел Хансен – Парис СЖ
- Лев Бек : Сергеј Бубка – Мотор Запорожје