Вардар беше поразен на гостувањето кај Пик Сегед, натпревар кој Тимур Дибиров ќе го памети. Русинот успеа да ја надмине бројката од 1.000 голови во Лигата на Шампионите. „Јубилејниот“ 1.ооо-ти гол го постигна со удар од седум метри, а натпреварот го заврши со седум погодоци и беше најефикасен кај Вардар.
Дибиров стана само четвртиот играч во историјата на ЛШ на кој му успеало да постигне вакво нешто. Претходно истото го сторија Кирил Лазаров, Момир Илиќ и Никола Карабатиќ.
Погледнете го јубилејниот 1.000-ти гол на Дибиров во ЛШ.