Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Натпреварите со Металург секогаш се дерби
Дибиров: Натпреварите со Металург секогаш се дерби

Дибиров: Натпреварите со Металург секогаш се дерби

Вардар го доби полуфиналниот дуел против екипата на Металург и на тој начин се пласираше во големото финале на Купот. Во најголем дел од натпреварот, Вардар имаше предност и контрола на резултатот, освен во еден период од десет минути во првиот дел, кога му дозволивме на противникот да ја превземе предноста. Сепак во вториот дел, работите си дојдоа на свое место, па момците на Алушовски славеа лесна победа.

Дибиров истакна дека натпреварите со Металург секогаш се дерби, но и дека противникот бил добро анализиран.

„Натпреварите со Металург секогаш се дерби, затоа среќни сме на извојуваната победа. Можеби делува дека задачата е полесна, но не е така. Полуфиналињата и финалињата во Купот никогаш не се лесни. Добро го анализиравме противникот и имавме подготвено некои работи како да го пробиеме. Успеавме во тоа иако имаше еден мал момент на нервоза. Сепак, ова беше полуфинале и градско дерби, истакна Дибиров.