Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров најефикасен во победата на Русија, Шпанија и Словенија ги поделија бодовите
Дибиров најефикасен во победата на Русија, Шпанија и Словенија ги поделија бодовите

Дибиров најефикасен во победата на Русија, Шпанија и Словенија ги поделија бодовите

Во второто коло на Европското ракометно првенство во Полска, настап имаа шест ракометари од редовите на Вардар, кои се дел од селекциите на Русија и Шпанија

Репрезентацијата на Русија успеаа да направи голем чекор , во продолжение од овој мундијал, совладувајќи ја Унгарија со резултат 27:26. Од првата минута на овој дуел Русите имаа постојана предност, а највеќе што успеа Унгарија да направи е да го израмни резултатот. При резултат 8:7, Русија успева со серија од три последователни гола да зголеми на 11:7. Оваа позитива од четири голови ја имаа и во други наврати до крајот на натпреварот. На полувреме заминаа со предност од 14:10. Најзаслужен за оваа предност, во овој дел од натпреварот беше Тимур Дибиров кој успеаа да постигне 6 голови, со само еден промашен удар.

На почетокот на второто полувреме, Унгарија успева со подобра игра во одбраната да ја намали негативата и да стигне до само еден гол заостанување. Сепак Русите возвраќаат со ист удар, па во средината на вториот дел, повторно ги враќаат оние највисоки четири голови предност. На крајот следевме неизвесна завршница, Унгарија успеаа да донесе драматичен финиш, Ласло Наѓ имаше можност да израмни, но за среќа на Русија неговиот удар не заврши во мрежата. Голманот на Русија Кирејев го заврши мечот со 17 одбрани. Дибиров беше најефикасен со 6 голови, додека Горбок постигна 5 и Шишкарев 2 голови.

Словенија предводена од Веселин Вујовиќ пропушти голема шанса да ги освои двата бода во дуелот со репрезентацијата на Шпанија. Во најголем дел од мечот Словенците имаа водство, кое на моменти достигнуваше и четири голови. Одлично го отворија дуелот со предност од 6:2. Шпанија успеаа да заигра подобро, но полувремето им припадна на избраниците на Вујовиќ со резултат 13:10.

Во второто полувреме, Шпанија рамноправно се врати во дуелот, израмнувањата од 18:18 и 20:20 ги одржуваа двете екипи во надеж дека на крај можат да стигнат до победата. Словенија повторно се одалечува на пет минути до крајот имаше предност од 23:21. Сепак искуството можеби на крајот пресуди, па Шпанија успеаа да стигне до израмнување 24:24, што беше и конечен резултат на овој дуел. На овој натпревар селекторот Каденас се реши на голот да биде Перез Де Варгас, додека Штербик беше на клупата. Македа постигна 2 гола, додека Душебаев не се запиша во листата на стрелци.