Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Карпати противник на Жрк Вардар Јуниор во 1/4 финалето
Карпати противник на Жрк Вардар Јуниор во 1/4 финалето

Карпати противник на Жрк Вардар Јуниор во 1/4 финалето

Денеска Жрк Вардар Јуниор го дозна својот противник во 1/4 финалето од Челинџ купот. Вардарки можат да бидат задоволни од оваа ждребка бидејќи им се падна тим кој не е од рангот на Гран Канариа или пак од холандската екипа Вирито. Карпати е украински преставник, во 1/8 финалето го мина португалскиот преставник Колегио. Карпати на двете средби славеше со 9 голови разлика.

Тимот на Карпати е составен од украински играчи, нивни најдобар играч е украинката Кот, која на двата натпревари против португалскиот тим постигна вкупно 19 погодоци. Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на 20 или 21 февруари, додека пак реваншот една недела подоцна во Украина.