Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Вардар и сите вие засекогаш ќе бидете во моето срце!

Дибиров: Вардар и сите вие засекогаш ќе бидете во моето срце!

Навистина голема штета. Тимур Дибиров по цели девет сезони минати во Вардар го напушти тимот.  Русинот се заблагодари на сите вклучени во Вардар и сите кои го помагаа или поддржуваа клубот во овие години.

„Драги пријатели,веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас. Ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене! Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството! Сакам да им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце“, напиша Дибиров.