Тимур Дибиров пристигнува во Вардар пред четири години, кога и започна големиот проект на црвено-црните. Руското крило три сезони беше најдобар стрелец на својата екипа во лигата на шампионите, додека оваа сезона ја завршува како втор, што се однесува по бројот на постигнати голови во екипата на Вардар. Тој ќе остане во Скопје, до 2020 година, кога и најверојатно ќе ја заврши својата играчка кариера. Денес на обраќањето пред Македонскиот народ, Тимур на кратко рече:
Ова е мојот сон сите го знаете тоа. Да видам 2 милиони Македонци, тоа беше мојот сон. Наша победа не е овој пехар, нашата победа сте вие.