Човекот кој пред четири години го превзема ракометниот клуб Вардар, човекот кој најави дека ќе го донесе Вардар на врвот на Европа, човекот кој многу направи за Вардар и народот во Македонија, кој многу вложи во изградба на терени, спортски сали и комплекси, човекот кој денес го обедини народот во Македонија, тоа е господинот Сергеј Самсоненко. Најзаслужната личност што денес сме сите собрани како едно и го славиме нашиот Вардар во шампион на Европа. Самсоненко како претседател на клубот имаше обраќање пред Македонскиот народ, истакнувајќи дека тие се најдоброто што го имаме.
-Здраво Македонијо, да сте живи и здрави сите кои денес сте тука со нас. На почетокот на сезоната во клубот дојдоа нови играчи. Разговарав со Иван Чупиќ кој ми рече, цитирам: шефе ти паметно работиш, мене ме зема во Вардар за да освоиш лига на шампиони. Пред да одиме на Ф4 во Келн, ме викнаа Арпад Штербик кој ми рече: газда да се однесуваме како да сме дошле тука како туристи, а ние знаеме дека сме дојдени да ја освоиме Европската титула. Пред финалниот натпревар на состанок, она што го кажав последно од мене беше: само нашите навивачи слушајте ги. Тие имаат посебна енергија и ние ја чуствуваме таа енергија. Затоа овој трофеј е подарок за вас, вие сте ни нас се. Кога тргнавме од аеродром, гледавме како луѓето стојат и не поздравуваат, им се гледаа солзи радосници и срца кои чукаат заедно со нас. Срцето ми дише надвор од телото, ова е надоброто што го имаме,а тоа сте вие. Фала уште еднаш за овие моменти.