После пет одиграни кола во Лигата на Шампионите, екипата на Вардар има четири победи и само еден пораз. Црвено-црните имаат ист број на освоени бодови со екипите на Барселона и Киелце. Што се однесува до најдобриот стрелец во редовите на Вардар, првото место е за руското лево крило, Тимур Дибиров кој после пет одиграни кола има постигнато 24 голови. Второто место е за Боразан кој има само гол помалку (23), додека на третото место е Чупиќ со 21 погодок.
Ова се играчите кои се запишаа во листата на стрелци кај Вардар во првите пет кола.
1. Тимур Дибиров 24
2. Вуко Борозан 23
3. Иван Чупиќ 21
4. Стас Скубе 19
5. Даинис Кристопанс 15
6. Игор Карачиќ 13
7. Рожерио Мораес Фереира 10
8. Данил Шишкарев 6
9. Глеб Калараш 4
10. Стојанче Стоилов 3
11. Мартин Поповски и Јана Војводиќ по 1.