Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со победа го заврши квалификацискиот турнир, кој изминатиов период се играше на теренот “Петар Милошевски„. Избраниците на Марио Вујовиќ во последното 3.коло ја совладаа селекцијата на Фарски Острови со резултат 4:0.
Во стартниот состав на овој дуел беа дури четворица играчи од редовите на Вардар и сите дел од пионерскиот состав на Вардар кој е првопласиран на табелата во пионерската супер лига. Се работи за Анатолиј Петејчук, Али Асани, Филип Андоновски и Азер Омерагиќ. Токму со погодоците на вардаровиот голгетер, Азер Омерагиќ, Македонија по првото полувреме имаше водство од 2:0. Во второто полувреме постигнавме уште два гола во противничката мрежа.
На тој начин со една победа и два порази го завршивме квалификацискиот турнир на 3. место, позади селекциите на Шпанија и Израел.