Попладнево, во дуел од 3.коло од женската младинска лига тимот на Вардар во Спортскиот центар “Јане Сандански“ ја пречека екипата на ЖРК Шампион од Скопје. Црвено-црните девојки дојдоа до лесна победа, третта во низа во оваа конкуренција. Тие триумфираа со убедлив резултат 48 -14 (22-6).
На почетокот ние отворивме со 2-0, противникот се обиде да парира и намали на еден предност, 2-1. Следеа одлични игри во одбраната кои беа наградени со три гола за предност од 5-1. До средината на првиот дел постојано ја зголемувавме разликата од минута во минута, па поведовме со плус 7, односно 12-5. Во вториот дел од првите 30.минути одигравме неверојатно во одбраната каде примивме само еден единствен погодок, а во нападот постигнавме дури десет. На пауза заминавме со резултат 22-6 во наша корист.
Предноста по првиот период ни даваше можност за опуштен почеток во вториот дел. Влеговме со 6-0 на самиот почеток и се одлепивме на +22. Се по ова беше рутина, имаше само една непознаница на овој женски младински дуел, колкава ќе биде разликата на крајот од средбата. Победата беше изразена со 34 гола позитива, новите бодови ги обезбедивме со резултат 48-14.
Кај нас денес одличен дуел одигра Кети Ангеловска истиот таа го заврши со 9 погодока, Диневска Бојана имаше еден погодок помалку, односно 8 гола, Мирјана Петковска на овој дуел ја подобри реализацијата од поле и мечот го заврши со 7 гола, апак Андреа Седлоска постигна 5 погодоци. Симона Грујовска на голот имаше 7 одбрани (1.пенал,2 фрлени контри), нејзината колешка Јована Трајкоска имаше исто 7 одбрани.