Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров прв стрелец на Русија, која обезбеди бараж за пласман на СП во 2019 година
Тимур Дибиров прв стрелец на Русија, која обезбеди бараж за пласман на СП во 2019 година

Тимур Дибиров прв стрелец на Русија, која обезбеди бараж за пласман на СП во 2019 година

Ракометната репрезентација на Русија не е дел од ЕП во Хрватска, но во изминатиов период беше акивна со настапи, за пласман во баражот за светското првенство во 2019 година. Русија беше дел од првата квалификациска група, во која на убедлив начин го освоија првото место и на тој начин обезбедија бараж. Дел од селекцијата беа вардаровите крила, Тимур Дибиров и Данил Шишкарев, како и тренерскиот таандем, Едуард Кокшаров и Давид Дејвис.

vardarfans-siskarev

Најефикасен играч кај Русија во овој квалификациски циклус беше Тимур Дибиров, кој постигна вкупно 33 голови на сите натпревари. Шишкарев на пет натпревари се запишуваше во листата на стрелци и имаше зад своето име 16 погодоци.