Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров е магнет за титули – 21 во дресот на Вардар!
Дибиров е магнет за титули – 21 во дресот на Вардар!

Дибиров е магнет за титули – 21 во дресот на Вардар!

Тимур Дибиров е во вистинска смисла на зборот легенда на РК Вардар 1961. Од неговото доаѓање во редовите на ,,црвено – црните” немаме мака!

Дибиров е лидер на тимот, но и магнет за освојување на титули. Според нашата статистика, вечерва летачкото лево крило го освои 21. официјален трофеј како ракометар на ,,црвено – црните”.

Изгледа неверојатно, но е вистинито – бидејќи Тимур е срцето и душата на Вардар. Да не заборавиме дека од овие низа на титули, Тимур има и две европски со нашиот тим, во 2017 и во 2019 година.

ВИСТИНСКА ЛЕГЕНДА НА ВАРДАР Е ТИМУР ДИБИРОВ !