Ракометарите на Вардар 1961 по 14.пат во својата историја се шампиони на Македонија во ракомет. ,,Црвено – црните” со денешната титула, сигнаа до шесттата во низа, што исто така е рекорд.
По денешниот дуел на кој Вардар стигна до убедлива победа, следуваа медалите и трофејот за вардарци. Супер спортски потег имаше Стоилов, кој му го предаде пехарот – прв да го подигне легендарниот Иван Чупиќ, за кој ова беше последен натпревар во дресот на Вардар.
Чупиќ со големи, златни букви ќе остане запаметен за се што направи за нашиот тим.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961