Вардар е старо-нов освојувач на СЕХА-лигата, откако успеа да излезе како победник во големото финале против екипата на ППД Загреб. На овој начин успеавме да стигнеме до својот петти трофеј во нашето седмо финале. Ова беа два тешки денови за Вардар, кои после пласманот во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, немаа ниту еден ден одмор, следниот веќе отпатуваа за Брест каде се подготвуваа за одбрана на трофејот. Непријатност за нашиот шампион беше повредата на Дисингер, кој лошо падна со левиот лакот на теренот, откако Поточник „крвнички“ го собори, по што доби директен црвен картон. Се надеваме дека се ќе биде со Дисингер и дека ќе може брзо да го видиме на теренот. После победата, Дибиров ја прокоментира и неговата повреда, истакнувајќи дека сите биле шокирани.
-Не бевме свесни што се случи со Дисингер. На полувремето кога влеговме во соблекувалната сите молчевме, самиот Кристијан беше шокиран од повредата. Овој триумф и трофеј му ги посветуваме на Дисингер. Сите се надеваме дека брзо ќе се врати на теренот, тој ја има нашата подршка, прокоментира Дибиров.