Вардар успеа да стане старо-нов освојувач на осмата сезона на СЕХА-лигата, откако вечерва во големото финале ја победи екипата на ППД Загреб (26:23). Заслужен трофеј за вардарци, кои покажаа највеќе на овој Ф4 турнир. Иако имаа груби противници пред себе, успеаа да се издигнат над сите проблеми, денес останавме и без Фереира, поради црвен картон, како и без Дисингер кој заработи непријатна повреда.
На крајот беше избран и најдобриот тим на завршниот турнир, во кој место имаше и за четири вардарови играчи:
Голман- Дејан Милосављев
Лев Бек – Дамир Бичаниќ
Десен бек – Даинис Кристопанс
Десно крило – Златко Хорват
Пикер – Стојанче Стоилов
Среден бек – Сандро Обрановиќ
Лево крило: Тимур Дибиров
МВП- Даинис Кристопанс