Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Slider > ШАМПИОНИИИ !!! ВАРДАР Е СТАРО-НОВ ОСВОЈУВАЧ НА СЕХА-ЛИГАТА, ПЕТТИ ТРОФЕЈ ВО БОГАТАТА КОЛЕКЦИЈА
ШАМПИОНИИИ !!! ВАРДАР Е СТАРО-НОВ ОСВОЈУВАЧ НА СЕХА-ЛИГАТА, ПЕТТИ ТРОФЕЈ ВО БОГАТАТА КОЛЕКЦИЈА

ШАМПИОНИИИ !!! ВАРДАР Е СТАРО-НОВ ОСВОЈУВАЧ НА СЕХА-ЛИГАТА, ПЕТТИ ТРОФЕЈ ВО БОГАТАТА КОЛЕКЦИЈА

Вардар во своето седмо финале во СЕХА-лигата успева да го одбрани трофејот во ова натпреварување и по петти пад да ја подигне титулата во СЕХА. Втора сезона по ред во големото финале, вардарци успеваат да го надиграат Загреб и да слават со резултат 23:26.

По првите 9 минути гледавме игра гол за гол, а мечот започна со гол на Сршен, откако Кристопанс не успеа да погоди во нашиот прв напад, затоа за израмнување се погрижи Дибиров. Резултатот беше израмнет и по 9 минути игра, кога на семафорот стоеше резултат 4:4. Од тие моменти, противникот успеа да направи серија од 3:0 и со головите на Мраковчиќ и Мандиќ да се одлепи на водство од 7:4 во 12 минута од дуелот, што беше знак за тренерот Парондо да повика тајмаут. Советите од шпанскиот стратег дадоа резултат, Вардар заигра многу подобро, врати на ист начин откако постигна три последователни голови, преку Скубе, Кристопанс и Дибиров, со што во 14 минута израмнуваме на 7:7. Поради еден старт, бразилецот во редовите на Вардар, Мораес Фереира можеби беше престрого санкциониран со црвен картон, по што мораше да го напушти теренот. Сепак тоа не обезхрабри и продолживме да се бориме на теренот. Последното водство Загреб го имаше во 22 минута кога поведе со 10:9, но следуваат најдобрите минути за Вардар во првиот дел. Најпрво со вториот гол на капитенот Стоилов го израмнуваме резултатот на 10:10, за Дибиров да го погоди празниот гол на Загреб и со својот трет гол во 23 минута за прв пат да ни донесе предност од 10:11. Во овој период од играта, противникот немаше одговор за нашата добра одбрана, едноставно се мачеше да дојде до позиција за удар, а на нашиот гол се разбрани Милосављев кој стигна до својата трета одбрана. Дисингер ја крунисува нашата добра игра со гол за да зголеми на 10:12, додека Загреб по шест минути постигна гол и намали на еден гол негатива. Судиите не беа рамноправи, кога Мандиќ направи исто така груб старт над Кристопанс, но му беше покажано само две минути исклучување. Тоа го користиме на теренот кога Дибиров со нов гол зголеми на највисоки 11:14. Црна дамка во првиот дел е повредата на Дисингер, кој после еден груб старт на Поточник лошо падна со левиот лакт на теренот, по што мораше да биде изнесен од теренот. Останува да видиме дали се работи за нешто посериозно, со оглед дека неговата лева рака беше мобилизирана. До крајот на првото полувреме ја задржуваме предноста и на одмор заминавме со резултат 12:14.

Како против Брест, така и против Загреб лошо го отвараме вториот дел. Најпрво Дибиров не успеа да погоди празен гол, за во вториот напад фаул да направи Карачиќ. Тоа загребчани немилосредно го казнуваат и успеваат со два последователни голови да израмнат на 14:14. Конечно погодуваме после шест минути игра, откако погоди Чупиќ, за нова предност на Вардар од 14:15. Добро е за нас што Милосављев се разбрани, со две нови одбрани, што му овозможуваат на Дибиров во контра да погоди за два гола позитива. Гледавме борба на теренот и минути во кои двете екипи не успеваат да постигнат гол. Имаше фаул над Стоилов за пенал, судиите не свират пенал, додека Загреб намали на 17:18. Милосављев стигна до својата седма одбрана, додека Скубе зголеми и на 17:20 во 49 минута од мечот. Популарниот Банда брани кога е најпотребно, нова негова осма интервенција, користиме во напад и со голот на Кристопанс за прв пат имаме четири гола разлика ( 18:22), период кога се „кршеше“ финалето. Каков Вардар на теренот, Дибиров краде топка додава до Шишкарев кој зголемува на 19:24 во 23 минута. Каква серија на Загреб од 4:0 за намалување на само еден гол негатива (23:24) на две минути пред крајот. Вистинско богатство е што го имаме Стоилов, во моменти кога беше најпотребно погодува за два гола позитива на 90 секунди пред крајот. Победа за Вардар со резултат 23:26 и петти трофеј во СЕХА-лигата.

Кристопанс постигна 7 голови, додека Скубе и Дибиров постигнаа по 5 гола. Милосављев на голот имаше 9 одбрани.