Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардарки без бодови по средбата со ЖРК Куманово
Вардарки без бодови по средбата со ЖРК Куманово

Вардарки без бодови по средбата со ЖРК Куманово

ЖРК Вардар продолжи со низата не неуспеси во домашното првенство, денес на домашен терен во Јане Сандански бевме поразени од ЖРК Куманово. Гостинките дојдоа до победа со резултат 25-29.

2

Отворивме добро, преку Ангела Костовиќ поведовме со 0-1 на стартот. По 6.минути игра веќе водевме со 3-1 по голот на Стефанија Ѓорѓиевска од крило која погоди ефектно, Илиќ имаше две одбрани. Противникот успеа да изедначи на 3-3 во 9.минута со два врзани гола. Поведовме во продолжение со голот на Мими Петковска, тоа беше наше последно водство во првиот дел. На средината од првиот дел беше 6-7 по голот од контра на нововлезената Трпевска. Противникот успеа да ја преземе предноста и да доминира во играта, па така поведе со 10-14 на две минути до крајот. Се играше вистинско дерби двата тима се бореа многу на теренот, дуелот изобилуваше со дуели. Потоа видовме една одбрана со нога на нововлезената Грујовска која ја замени Илиќ која пак добро почна, но потоа дваесетина минути немаше интервецција. Трпевска Ивона успеа да ја ублажи во финишот намалувајќи на 11-14.

3-2
Вториот дел го почнавме фуриозно. Најпрвин со два врзани гола од пенал на Ана Марија Божиновска, гол на Милица Николиќ па одбрана со стил на Симона Грујовска, потоа прекрасно погоди Катерина Дамјановска од пикер со пожртвуван пад за реми 15-15 во 35.минута. Мими Петковска повторно е онаа која донесува водство, се одбранивме добро, доби од Грујовска прецизна диагонална топка пред казнетиот простор до кој отрча молневито и стрелаше за 16-15. Имавме играч помалку па противникот по нашите неуспешни напади погоди на празен гол за 16-17. Прекрасна атмосфера имавме во салата, двата тима се бореа, публиката уживаше во мајсториите на двата тима. На средината од вториот дел на семафорот стоеше еден плус за гостите, 18-19, а ние бевме со играч помалку во поле. Тогаш се вивна двапати во воздух Николиќ и заби ефектно, таа играше одличен меч, едноставно е вистински “бомбардер“ ,за пресврт 20-19. За жал дојде до пад во нашата игра и ривалот поведе со 21-23 на 9.минути до крај. На 3.минути до крајот стоеше 24-27 на семафорот, се обидовме со пресинг низ цел терен. Најпрвин намаливме на 25-27 преку Џатевска, која потоа пожртвувано одзема во одбрана сепак немавме концетрација да изедначиме. Поразот дојде со резултат 25-29.

4

Кај нас три девојки имаа “6-ка“ зад своето име. Милица Николиќ и Мими Петковска погодија по шест пати, исто толку одбрани впиша Симона Грујовска. Другиот голман Андреа Илиќ имаше пет интервенции.