Вардар и Победа одиграа со поделба на бодовите (0:0), во рамките на 26.коло од ПМФЛ.
Ние стартувавме со следниот состав: Гачевски, Тошевски, Манев, Новак, Мицевски, Димовски, Аврамовски, Попзлатанов, Цветановски, Лира, Фелипе.
Во 2.минута имаше мешаница во нашиот шеснаесетник, за среќа ја расчистивме ситуација, топката дојде до еден од противничките играчи кој бие во рацете на добро поставениот Гачевски. Вардар се обиде во 6.минута после центаршут од десната страна, но прекраток во скокот беше Лира. Во следниот период на играта, вардарци имаа поголем посед на топка, но без некоја посеризна прилика кон голот на Победа. Најголемата шанса за отварае на резултатот ја имаше домашниот тим, се играше 27 минута од мечот кога беше нафрлена топка од десната страна во нашиот шеснаесетник, еден од противничките играчи скокна највисоко, не беше чуван од никого, но топката заврши за наша среќа само покрај нашиот гол, ова беше навистина голема прилика за Победа. Во 32.минута од голема далечина се обиде Мицевски кој шутира високо над голот. Се уште мируваа мрежите на двете екипи, Победа имаше прилика преку Гешоски во 36 минута кој бие покрај голот, додека кај Вардар се закани Цветановски две минути подоцна, но одбрани домашниот голман. Последниот обид во првото полувреме го имаше Вардар преку Фелипе кој прекин од некаде 25 метри бие, само над голот. По првото полуреме резултатот е оној почетниот 0:0.
Првата измена во вториот дел ја направи Вардар, од игра излезе Димовски, на негово место е Жуниор. Најубавата прилика Вардар ја имаше по само три минути во вториот дел, кога бразилецот Фелипе се најде во добра прилика, но бие високо над голот, па остана оваа шанса без реализација. Во 57 минута Вардар се закани од корнер, откако уфрли Фелипе, скокна Манев, но топката оди покрај голот. Зачестија нашите напади, во ситуација за гол се најде Жуниор, одбрани голманот, но акцијата е прекината поради офсајт позиција. И Лира во ситуација за гол, после слободен удар, нафрлена топка, Лира ја закачи со глава, но брани голманот на Победа. Втора измена во нашите редови, на местото на Цветановски, во игра е младиот 18-годишен Џемал Ибиши, кој ќе го засили нападот. Трета последна измена, влезе и Колевски на местото на Лира. По подолго време се закани и Победа, но одлично одбани Гачевски. Последната прилика за гол ја имавме во 94 минута кога од прекин се обиде Фелипе, но одбрани голманот на Победа. На крајот мечот заврши, како и што започна со нерешени 0:0.
Шкендија успеа и да слави во ова коло на гостувањето кај А.Пандев, па после ова коло ја зголеми бодовната предност пред Вардар на десет бодови.