Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Секој натпревар за нас пред својата публика е како празник и дополнителна мотивација
Дибиров: Секој натпревар за нас пред својата публика е како празник и дополнителна мотивација

Дибиров: Секој натпревар за нас пред својата публика е како празник и дополнителна мотивација

Вардар ќе се обиде да стигне до четвртиот трофеј во СЕХА-лигата, откако во полуфиналето успеа да ја победи екипата на Брест Мешков и на тој начин да обезбеди финале. Славевме убедливо (33:24) не дозволувајќи на противникот ниту во еден момент да се надева на изненадување. Најдобриот стрелец на Вардар во СЕХА, Тимур Дибиров го искажа своето задоволство од триумфот и играта на неговиот тим, со надеж дека во недела Вардар ќе биде екипата која ќе се радува на трофејот.

-Игравме на домашен терен и сакавме да ги израдуваме своите навивачи со победа. Секој натпревар за нас пред својата публика е како празник за и дополнителна мотивација. Бевме максимално подготвени за овој натпревар и самиот реултати говори за нашата игра. Екипата на Брест не беше комлетна и тешко беше да се игра, немаше можеби доволно играчи за ротација и сакам да им честитам за пружаниот отпор во текот на целиот натпревар. Ова беше еден вид загревање за финалето, кое се надевам дека ќе го добиеме.