Вардарци полесно од очекувањата успеаа да се пласираат во големото финале на СЕХА, откако во полуфиналниот меч ја совладаа екипата на Брест Мешков (33:24). Имавме постојано водство и во еден момент дури и двоцифрена предност. Разликата ја направи Арпад Штербик, кој го заврши натпреварот со дури 20 одбрани зад своето име.
Една од нив се најде во изборот за најдобра интервенција, на полуфиналниот дуел против Брест Мешков.