РК Вардар 1961 се пласираше во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, а Тимур Дибиров уште една сезона по ред е вистински лидер во тимот на ,,црвено – црните”, како на теренот така и на листата на стрелци.
Легендардниот Дибиров оваа сезона, засега, го завзема осмото место на листата на стрелци со 68 постигнати погодоци, исто колку што има и неговиот иден противник, Петар Ненадиќ од Веспрем.
Како изгледа листата на стрелци во овој момент во ЛШ во продолжение:
1. Феликс Клар (81)
2. Дика Мем, Раул Нантес (78)
3. Иван Чупиќ, Микел Хансен, Алеиш Гомез (75)
4. Тобијас Грондал (73)
5. Тимур Дибиров, Петар Ненадиќ (68)