Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КУП: Вардар против Стружанка, Ѓорче против Кузман, победниците во меѓусебен дуел ќе го дадат патникот на Ф-4

КУП: Вардар против Стружанка, Ѓорче против Кузман, победниците во меѓусебен дуел ќе го дадат патникот на Ф-4

275602673_972381203406607_1015741068493694461_n

Купот  на Република Македонија во ракомет кај дамите ќе се игра во две фазни, во првата фаза ќе се игра во квалификациски групи, четири на број чии победници ќе обезбедат место на завршниот Ф-4 турнир. ЖРК Вардар е дел од Групата-А со тимовите на Ѓорче Петров, РК Кузман и Стружанка. Ќе се играат во исти ден најпрвин полуфинални натпревари чии победници ќе се најдат во финалето.

Победникот на целиот турнир заедно со победниците од останатите три групи ќе ја создадат најдобрата четвротка која ќе се бори за Куп пехарот на фајнал-фор турнирот кој начелно е закажан за во месец мај. Групата-А ќе се одигра во салата „Христо Батанџиев“ во Волково, домашниот терен на Ѓорче Петров во лигата.  Во оваа група фаворити се Вардар и Ѓорче Петров, сепак нашиот пат до пласман на Ф-4 турнирот е далеку потежок. Имаме посилен ривал во полуфиналето, играме втори па имаме помалце одмор до финалниот дуел на теренот на ѓорчепетровки, сепак ако сакаме успех мора да дадеме 100% од себе по двата „кикса“ во лигата ни треба успех за зачувување на атмосферата. Ова се полуфиналните двојки, термините и саатниците за овој квалификациски турнир:

-Група-А, НЕДЕЛА, 20/03/2022

-ПОЛУФИНАЛЕ-1: Ѓ.ПЕТРОВ-Кузман 10:00 часот

ПОЛУФИНАЛЕ-2: ВАРДАР-Стружанка 12:00 часот

ФИНАЛЕ: Победник-1:Победник-2 19:00 часот