Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров се проби на 3.место на вечната листа на најдобри стрелци во ЛШ
Тимур Дибиров се проби на 3.место на вечната листа на најдобри стрелци во ЛШ

Тимур Дибиров се проби на 3.место на вечната листа на најдобри стрелци во ЛШ

Вардар има ракометар кој се наоѓа на 3.место на вечната листа на најдобри стрелци во Лигата на Шампионите. Се работи за Тимур Дибиров кој после натпреварот со Алборг се проби на третата позиција, односно напредуваше едно место погоре на листата.

Во победата против Алборг, Дибиров постигна вкупно шест голови, со кои стигна до бројката од 971 погодок во најголемото ракометно натпреварување. Дибиров го симна Момир Илиќ на четвртото место кој ја заврши играчката кариера и моментално работи како тренер на Веспрем.

Првото место го држи нашиот Кирил Лазаров кој има 1.462 голови, додека второто место е за Никола Карабатиќ со 1.091 голови.