Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Борко Ристовски ја има втората најдобра одбрана на колото во ЛШ
(ВИДЕО) Борко Ристовски ја има втората најдобра одбрана на колото во ЛШ

(ВИДЕО) Борко Ристовски ја има втората најдобра одбрана на колото во ЛШ

Вардар успеа да го победи Алборг (30:28) и на тој начин да стигне до втората победа сезонава во Лигата на Шампионите. Одличен на голот беше Борко Ристовски кој стигна до 16 одбрани, со кои беше најзаслужен за триумфот против Вицешампионот на Европа.

Вообичаено после комплетирање на секое коло, медија тимот на ЕХФ прави избор на најдобри пет одбрани, а второто место му припадна на Борко Ристовски. Двојната одбрана после изведен седмерец на противничкиот играч, се најде на високото второ место. Видеото со најдобрите пет одбрани можете да го погледнете на линкот, ТУКА.