Тимур Дибиров, еден од ракометарите со најдолг стаж во Вардар, како гостин во емисијата „Еден на Еден“ кај Жарко Димитриоски, говореше на многу интересни теми повразани со нашиот клуб, а меѓу другото истакна и дека се би требало да биде познато за десет дена. На играчите им посочиле само да мислат на завршниот турнир во Келн.
„Ние имавме состанок и со Сергеј и со Михајло. Луѓето сакаат да му помогнат на клубот и на тоа работат, како, ние незнаеме. Треба да се реши се за десет дена. Нас ни рекоа одете на Ф-4 и не мислете за ништо, се ќе биде добро” , рече Дибиров.