Вардар се пласираше во осмина-финалето во ЛШ, откако на домашен терен во рамките на последното 14 коло во групата ја победи екипата на Елверум.
Иако натпреварот немаше резултатско значење, сепак црвено-црните убедливо со 39:30 го поразија шампионот на Норвешка. Тимур Дибиров беше најдобар стрелец за Вардар, постигнувајќи седум голови, од кои еден се најде во ТОП-5 голови на колото во ЛШ, погледнете на линкот, ТУКА.
Одличното издание на Дибиров му донесе и место во најдобриот тим на колото, видеото со идеалниот тим можете да го погледнете ТУКА.