Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Во Вардар го остварив својот сон, морав да останам и да помогнам во тешките моменти
Дибиров: Во Вардар го остварив својот сон, морав да останам и да помогнам во тешките моменти

Дибиров: Во Вардар го остварив својот сон, морав да останам и да помогнам во тешките моменти

Тимур Дибиров ја игра својата седма сезона во дресот на Вардар, екипа со која успеа да освои многу трофеи, а секако највредните беа оние од Лигата на Шампионите, кога на два пати со својот тим се искачи на врвот на Европа. Дибиров важи за еден од најдобрите стрелци на Вардар во изминативе сезони, како и еден од играчите кој е посебно ценет од вардаровите навивачи. Во интервју за „7 метри“ Дибиров изјави дека негова желба од детството била да ја освои ЛШ, што му успеа во Вардар. Вели, дека е благодарен на Вардар и затоа останал во клубот и во тешките моменти.

-Животна желба ми беше да ја освојам Лигата на шампионите, без разлика што знаев дека тоа е многу тешко. Во таа лига се игра на највисоко ниво и затоа е сон на секој ракометар да стигне до тој трофеј. Не можев да поверувам дека мојот сон стана реалност. Но, само јас знам колку многу дадов за да стигнам до врвот. Ситуацијата е тешка сега, но Вардар ми помогна да си го остварам мојот сон и затоа сум му многу благодарен. По сè што поминавме заедно, јас морав да останам и да му помогнам во тешките моменти.

Дибиров има важечки договор со Вардар до јуни 2020 година, и се уште не е познато дека кариерата ќе ја продолжи а може и заврши во клубот во кој ги постигна најголемите успеси.