Европскиот ракометен шампион стигна до третата последователна победа во ЛШ, откако славеше на гостувањето кај екипата на Мотор Запорожје. Покрај триумфот, црвено-црните запишаа и јубилеј на овој дуел, 4.000 постигнати голови за Вардар во Лигата на Шампионите, а стрелец на 4.000 гол беше Тимур Дибиров. Руското крило го постигна јубилејниот гол на негов начин од тешка позиција, кога го совлада противничкиот голман и намали на 14:12.
Јубилејниот погодок, дело на Дибиров можете да го погледнете на линкот, ТУКА.