На четвртото издание на најголемиот младински турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ познат е пласманот на екипите, во машкиот дел кај генерацијата родени 2004/05 година. Тука првото место успеа да го освои тимот на Карпош од Куманово кој во големото финале ја совлада екипата на Бисинов од Велес. Во борба за третото место, Илинден успеа да го совлада тимот на ГРК Гостивар. Токму од екипата на Гостивар доаѓа најдобриот голман на турнирот, тоа е Мартин Димитриевски кој имаше одлични два дена на турнирот. Тој беше избран во идеалниот тим и се понесе со признанието, најдобар чувар на мрежата во оваа возрасна генерација. Во следново интервју ве запознаваме со неговите почетоци во ракометот, впечатоците од одиграниот турнир на Кале, како и неговите следни цели.
-Поттик за да се одлучам да се занимавам со овој спорт ми преставуваа натпреварите на кои учествуваа македонската репрезентација и во македонскиот шампион ,,РК Вардар”.Јас започнав да тренирам ракомет на 11 годишна возраст, од самиот старт па до сега тренирам во ракометниот клуб ,,Гостивар”.
На целокупниот турнир, ГРК Гостивар одигра пет натпревари, на кои имаше две победи и три порази.
-На турнирот ,,Еден живот една љубов” во организација на ,,РК Вардар” игравме во група В со екипите РК Бисинов, РК Кале и РК Виница.Покрај натпреварите следуваа и дружења кој што ќе ни останат долго во сеќавање. Што се однесува до играта на мојата екипа, сметам дека добро одигравме иако можностите да бидеме уште подобри беа големи, но во иднина ни претстојат многу натпревари кај што верувам ќе бидеме далеку поуспешни.
Иако на турнирот имаше многу квалитетни голмани, сепак изборот отпадна токму на Мартин, кој не очекувал дека баш тој ќе биде прогласен за најдобар голман.
-Да бидам искрен, не очекував дека ќе ми биде доделена наградата за најдобар голман, но давав се од себе да го постигнам овој успех. Чувството кога слушнав дека го изговараат моето име бев пресреќен, помалку и збунет, иако тоа ми се случува по втор пат. Оваа награда ми е голем поттик да продолжам да тренирам поинтензивно и да се преставувам во најдобро светло.
Гостивар минатата сезона беше дел од “Јуниор“ лигата. Следните цели на Мартин се поврзани секако со ракометот и можноста да напредува на повисоко ниво.
-Јуниор лига” е мојата основа и причина за мојот напредок. Моите цели за во иднина се, по завршувањето на основното училиште да продолжам со професионални тренинзи во Скопје, се разбира за РК Вардар, и секако да ја претставувам нашата земја на големите мундијали.,Јуниор лига” е мојата основа и причина за мојот напредок.