Хрватската ракометна репрезентација не успеа да се пласира во полуфиналето, откако беа поразени од Франција. Сепак потегот на натпреварот го имаа играчите на Вардар, Чупиќ и Циндриќ. Најпрво при напад на Франција, десното крило на Вардар и Хрватска спаси топка и овозможи напад на својата селекција, кој на најдобар можен начин со соло продор во гол го претвори Лука Циндриќ. Тие беа и меѓу најдобрите стрелци на овој меч, но нивните голови не беа доволни за победа. Покрај тоа, Чупиќ беше прогласен и за најдобар играч, по завршување на натпреварот.
Погледнете го потегот на двајцата црвено-црни играчи.