Денес е потврдено дека македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961 е меѓу клубовите кои добија право за учество во Лигата на шампионите на ЕХФ за сезоната 2021/2022.
Според рангирањето на ЕХФ, вардарци добија право за директен пласман во групната фаза. Конечниот список од 16 клубови ќе биде објавен на 28 јуни, а жрепката за групната фаза во ЛШ ќе се одржи на 2 јули во Виена. Се очекува одлука на европската куќа на ракометот за тимовите кој ќе бодат дел од елитата со „вајлд-карта“.