Викенд се одиграа натпреварите од групната фаза на квалификациските турнири и во кадетската лига во машка конкуренција. Кај момците 21 тим беа поделени во четири групи, лидерите на групите обезбедија место на завршниот турнир. Во групата-Г која за нас е најинтересна, РК Вардар 1961 како првопласиран обезбеди ф-4.
Од групата А, најдобар беше Младост Богданци, токму со оваа екипа вкрстуваме на полуфиналниот натпревар на Ф-4. Покрај овие две екипи место понатака обезбедија Струга и Металург, тимови кој го формираат другиот полуфинален пар на завршницата. Наскоро ќе биде познат терминот и локацијата на одигрување.