Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар во потера по 15.трофеј во Купот, директен пренос од големото финале
Вардар во потера по 15.трофеј во Купот, директен пренос од големото финале

Вардар во потера по 15.трофеј во Купот, директен пренос од големото финале

Денес на програмата е големото финале во ракометниот Куп на Република Македонија. Во истото ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Вардар ќе се обиде да стигне до својот 15.трофеј во ова натпреварување и да ја обедини двојната круна сезонава, со оглед дека е многу блиску до освојување на Шампионската титула во домашното првенство. Екипата на Еурофарм Пелистер пред стартот на сезоната го освои Супер Купот на Македонија.

Сигурно дека не очекува неизвесно и квалитетно финале во Купот. Во Кавадарци најавено е присуство на популарните „Комити“ кои ќе бидат голема поддршка за Вардар на овој натпревар.

Директен пренос од финалето кое стартува од 19:30 часот ќе можете да проследите на МТВ-3.